Вкупно 20 милиони евра грант и додели Европската комисија на Република Македонија за развој на руралните општини и на земјоделството. Предвидено е средства да бидат искористени за два прокета, едниот за инфраструктурни проекти, а другиот за наводнување како дел од ИПАРД програмата. За таа цел во понеделникот во Скопје потпишани се Договори за доделување на неповратни средства. Договорите се потпишани од страна на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, и претставникот на Светска банка Рејмонд Бордо.
Вкупно 20 милиони евра грант и додели Европската комисија на Република Македонија за развој на руралните општини и на земјоделството.
Предвидено е средства да бидат искористени за два прокета, едниот за инфраструктурни проекти, а другиот за наводнување како дел од ИПАРД програмата.
За таа цел во понеделникот во Скопје потпишани се Договори за доделување на неповратни средства. Договорите се потпишани од страна на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, и претставникот на Светска банка Рејмонд Бордо.
Со потпишувањето на овие два договора, секоја од руралните општини ќе добие по 240.000 евра, додека урбаните општини по 120.000 евра.
Вицепремиерот Ставрески информираше дека кон првиот договор на грантот во износ од 15,5 милиони евра неповратни средства од ЕУ, Македонија од Буџетот ќе издвои уште 5,2 милиони евра со што вкупната сума за развој на руралните средини ќе изнесува 20,7 милиони евра.
Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за инвестиции во инфраструктурни прокти како што се водоснабдување, собирање и третман на отпадни води, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, како и основна инфраструктута којашто обезбедува пристап до електрична енергија, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, улично осветлување, како и изградба на туристичко-рекреативни објекти, детски градинки, училишта и младински и културни центри.